Tuesday, December 11, 2012








 Еве и неколку од производите на Млекара Здравје Радово

 





За неделниот ручек можете да подготвите торта од палачинки:


Направете околу 50 палачинки подгответе фил од кашкавал, шунка и павлака. Ставете доматен сос по желба, редете ги палачинките една врз друга, потпечете на кратко и декорирајте со павлака и зеленчук по ваша желба. Во комбинација со чаша Цацко јогурт одлично ќе се најадете..



 Кој е за? :)

Најдовме еден рецепт за Топло чоколадо па го споделуваме со вас за да се затоплите поубаво. Ако знаете некој друг рецепт, слободно предложете ни. 
Ммммм кој е за? :)))

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажичка шекер
200 милилитри млеко од Млекара Здравје Радово :)
4 лажици какао
малку густин
100 милилитри вода

ПОДГОТОВКА:
Ставете го шеќерот, какаото и густинот во чинија, добро измешајте, па во тоа додадете ја водата и добро промешајте за да нема грутчиња. Ставете го млекото на рингла за да се згрее, па пред да зоврие додадете ја смесата со какао, добро промешајте и со постојано мешање варете до посакуваната густина.
Оставете малку да се олади, па послужете
Нешто вкусно :)
Време е да се одморите од готвењето преку целата седмица. Купете си полу-готово тесто за пица, изрендајте мнооогу кашкавал (се разбира од Млекара Здравје Радово) и правец – в рерна!
 На здравје – пица!